Здраво тело

Мед за рани, оцет при непријатен мирис на пазувите

Експерите од њујоршкиот центар за дерматологија и медицинскиот факултет предлагаат да ги заборавиме апчињата на некое време и да се лекуваме со нетрадиционалните средства.

Тие советуваат да се лекува со помош на “бебешката медицина”, како уште се нарекува кај нас и нетрадиционален метод на лекување.

Според нив не многу големите рани треба да се третираат со мед. Тој ги лишува бактериите од водната средина која им е потребна за размножување.

При каснувања од инсекти тие советуваат да се користи јаболков оцет. Киселината го убива чешањето и го намалува отокот. Оцетот помага и при микози ( габични заболувања на рацете), ако се разреди со вода во сооднос 1 према 3, а исто така и при непријатна миризба под пазувите.

Според експертите, непријатниот мирис  не доаѓа од потта. За се се виновни бактериите. Доколку натопите памук во оцет и го втриете под пазувите, бактериите нема да се размножуваат.

Write A Comment