Мојата кујна

Медени колачиња со прелив од чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 2к.ч. масло

* 2к.ч. шеќер

* 4 лажици мед

* 1 лажица цимет

* 1 сода бикарбона

*  2 чаши брашно

* 50гр ореви

*50гр чоколадо

кокосови трошки

НАШИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Растопете го чоколадото на пареа.
  • Измелете ги оревите во блендер. Во еден сад измешајте ги јајцата и шеќерот, додадете мед, ореви, цимет и масло.
  • Измешајте го брашното и сода бикарбоната и додадете го кон смесата. Треба да се добие не многу цврсто тесто.
  • Обликувајте колачиња, наредете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
  • Печете додека поруменат.
  • На крајот потопете ги во растопеното чоколадо и тркалајте ги во трошките од кокос.

Write A Comment