Славната холивудска актерка Џоди Фостер не престанува да ја бранува јавноста и медиумите, а овој пат причина е веста за идентитетот на таткото на нејзините деца.
Неодамна Џоди изјави дека ќе открие кој е таткото на нејзините деца откако ќе наполнат 21 година. Истовремено таа изрази и голема благодарност на Мел Гибсон за подршката што и ја дал низ годините.
По тој повод „Њујорк Пост“ со помош на стручна помош од генетичари соопштува дека 14 годишниот Чарлс и 12 годишниот Кит многу наликуваат на познатиот актер.
Џоди и Мел се многу добри пријатели откако работеа заедно на „Маверик“ во 1994 година. Нивното пријателство продолжува и денес.