Дестинации

Милано – Престолнина на модата и фудбалот

Доколку сакате шопинг, фудбал, опера и уметност, ненадминати ремек дела на архитектурата и дизајнот, посетете го Милано…

Еден поглед на катедралата Дуомо ќе биде доволен да останете без здив. Овој град се смета за модна престолнина и центар на гламурот, но прилично е потценет како историјски и уметнички град. Не може баш да се натпреварува со Рим, Фиренца или Венеција, но и Милано има свои предности, а една од нив е прочуеното уметничко дело “Тајната вечера” на Леонардо да Винчи. Во овој град има многу забава за љубителите на уметноста, така што секој ќе најде нешто за себе.

За љубителите на спортот, поточно фудбалот, предлагаме посета на познатиот San Siro фудбалски стадион. Неверојатната атмосвера која ќе стане дел од вас кога ќе одите таму, ќе остави засекогаш трага во вашата меморија. Фудбалот е дефинитивно најпопуларниот спорт во Италија. Доколку сакате да се релаксирате и да се одморите, посетете некои од многубројните фантастични кафулиња или паркови, а тука е и прекрасната “Publici” градина. Оваа прекрасна зелена оаза има многу фонтани, статуи и споменици.

Прошетајте и низ улиците Dela Spiga, Sant Andrea и Manconi и откријте ги најдобрите модни брендови од светот на Армани, Долче и Габана, Прада, Валентино и Версаче. Ги има премногу и секој може да пронајде нешто по свој вкус.

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

MILANO - PRESTONICA MODE I FUDBALA

 

Напиши коментар