Мојата кујна

Мини омлети со шунка и сирење

Потребни намирници:

6 јајца

150 гр шунка

½ филџан млеко

½ филџан кршено сирење

½ китка свеж магдонос ситно исецкан

2 парчиња млад кромид исецкан ситно

Сол, бибер и путер за мачкање на садот за мафини

Намачкајте го добро садот со путер или масло за да не се залепат омлетите. Избијте ги добро јајцата и додадете ги сите останати намирници. Исипете ја смесата во садот за мафини. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути додека не се зацрвенат. Сервирајте за појадок со препечен леб.

Write A Comment