Мојата кујна

Мини пици со јајца и сланина

Потребни состојки

За тесто:

  • 1 ½ квасец
  • ½ лажичка шеќер
  • 2 лажици сол
  • 2 чаши млака вода
  • 1 кг брашно
  • 3 лажици зејтин

За фил:

  • 300 гр. сланина
  • 50 гр. доматен сос
  •  200 гр. моцарела
  • 100 гр. овчи кашкавал
  • 4 лажици пармезан
  • 8 јајца
  • магдонос

Подготовка:

За подготовка на тестото, квасецот ставете го во водата, заедно со шеќерот и оставете го да стаса околу 10тина минути. Откако ќе смесата ќе набабри, додадете го зејтинот, солта и брашното и со рака мешајте ја смесата се додека не се соедини.

Откако ќе го замесите тестото, на работната површина расукајте го во тенка кора. Со чинија од средна големина обележете ги круговите а потоа исечете ги со нож. Секоја кора ставете ја во среде калап за печење, кој претходно сте го измачкале со маргарин.

Исецкајте ја сланината на ситни коцкички, па испржете ја се додека не стане крцкава. Тавата тргнете ја од оган. Секоја мини пица намачкајте ја со доматен сос. Потоа рамномерно додадете од исренданата моцарела, изренданиот овчи кашкавал и пармезанот.

Јајцата изматете ги, па рамномерно нанесете ги врз секоја од пиците. Врз изматените јајца додадете од сланината, а во средината ставете ситно сецкан магнонос.

Пиците печете ги 7-10 минути на температура од 200 степени целзиусови. Откако ќе се испечат, ставете ги во чинија за сервирање. Врз секоја од пиците може да додадете мало топче павлака. Добар апетит!!!

Напиши коментар