Дестинации

Miracle Garden: Градина со над 45 милиони цвеќиња

Можете ли да замислите градина со над 45 милиони цвеќиња? Оваа прекрасна цветна градина, најголема во светот, се наоѓа во Дубаи. Miracle Garden опфаќа 72000 метри квадратни, полни со оргинални и шарени дизајни на цвеќиња: приамида, sвезда, вистински автомобили украсени со убави растенија, геометриски форми, кревети од петунии во различни нијанси на розово, пауни, кои наместо пердуви имаат цвеќиња и многу други.

Вистински цветен рај во едно од најпознатите неверојатни места на земјата: пустината.

Најголемото изненадување за градината Miracle Garden е дека е изградена на пуст терен. За да се обезбедат потребните услови за растенијата – да издржат екстремни температури, ветрови и сува средина, е воспоставен систем за преработка на отпадните води, кои служат за наводнување. Овој предизвик против законите на природата е можен само во Дубаи.

Идејата е градината Miracle Garden да се менува секоја сезона со различни бои и архитектура на цвеќиња. Целта е туристите да се враќаат секоја година и да уживаат во различното доживување. Во најжешките месеци во Дубаи од јуни до септември, кога термометрите покажуваат над четириесет степени целзиусови, градината е затворена и отвора врати повторно во октомври.

 

 

Напиши коментар