Првата дама на САД Мишел Обама ја покажа својата нова фризура. Поточно, сопругата на Барак Обама направи шишки, а зошто се одлучила за ваква фризура, Мишел открила во едно интервју:
– Направив шишки поради криза во средните години. Не бев во можност да купам нов автомобил. Не ми дозволија да скокам банџи. Па наместо тоа , направив шишки- рекла Мишел во едно телевизиско интервју.
Дамите на кој таа им е пример во стилот, признале дека им се допаѓа новата фризура на првата дама, а што е најважно му се допаднале и на нејзиниот сопруг.
– Ги сакам нејзините шишки! Таа секогаш изгледа добро- изјавил Обама.