Потребни состојки за 6 особи
500гр кори за гибаница
ЗА ФИЛОТ:
5 јајца
200мл кисела павлака
500гр сирење
Малку сол
3 децилитри кисела вода
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:
20мл масло
0.5 децилитри кисела вода
Припремање на филот
Ставете го сирењето во длабок сад, додадете ги јајцата и мешајќи соединете ги состојките да добиете хомогена маса.
![]()
![]()
Додате ја павлаката, измешајте и посолете.
![]()
![]()
![]()
Во подготвената смеса ставете кисела вода и постојано мешајте.
![]()
Редење на гибаницата
Припремете длабок плех и добро подмачкајте го.
![]()
На дното од плехот ставете два листа од корите за гибаница.
![]()
Гужвајќи ги корите пополнете го дното на плехот.
![]()
Полиете ги згужваните кори со припремениот фил.
![]()
Целата постапка со гужвање на корите и полевање со филот повторувајте ја додека не ги потрошите преостанатите состојки.
Постапката завршете ја така што ќе ја прекриете гибаницата со корите кои предходно сте ги оставиле.
![]()
Пред печењето премачкајте ја гибаницата со малку масло и кисела вода.
![]()
![]()
Гибаницата печете ја околу еден час во предходно загреана рерна.
