Шкотскиот тартан и твид се главни актери на модната приказна оваа сезона. Од високата мода на француските дизајнери, па се до уличната мода, карираните модели и пријатните волнени материјали се извор на инспирација за врвни комбинации и модни додатоци овие есен и зима.
Модели инспирирани од 30-тите и 40-тите години на минатиот век, видовме во колекцијата на Луј Витон, додека волнените материјали кои под диригентска палка на Шанел веќе со години претставуваат елеганција во разни облици, почнувајќи од палта, женски панталони и здолништа, па се до севременски костими. Легендарната Коко Шанел, овој дотогаш “машки” материјал, успеа да го направи толку женствен, што и други модни дизајнери, како Хајдер Акерман и Долче и Габана, почнаа да го следат нејзиниот стил.

Оваа сезона им се приклучуваат и брендовите на високата улична мода како што се Топ Шоп и Хобс, во чии скици за есенско/зимската сезона преовладуваат модели инспирирани од новите технологии и стариот Холивуд.
Креативниот директор на Хобс, Карл Хенри, инспириран од Единбург во 1930-тите, ја избра шкотската тема бидејќи смета дека “тартанот и твидот заедно се многу добро прифатени од страна на купувачите”.

Инспириран од 1940-тите, оваа сезона е дизајнерскиот тим на британскиот Топ Шоп. Тежок твид раслоен со потенок, со традиционални бои како кафеава, сива и плава е нивниот главен адут овие есен и зима. Во нивната понуда може да се најдат и мантили со појас во стилот на принцезата од Велс, во зелени и сиви нијанси.

