Sweet Home

Модерен Медитерански дом

Sea Shell Residence е името на овој дом со импресивни 700 метри квадратни, кој се наоѓа во Израел и претставува ултра модерен дизајн, надополнет со неконвенционален распоред. Оваа резиденција прикажува волшебен внатрешен ентериер имплементиран од студиото Lanciano Design. Еве еден извадок од официјалниот опис на проектот, даден на медиуимите од страна на дизајнерот : „ Отвореноста е главниот концепт кој го донесе овој проект, со комбинирање на неформален амбиент и чиста елеганција. Избравме палета на бои кои се совпаѓа со боите на надворешноста на куќата. Неконвенционалниот изглед на кујната и  трпезаријата, се идеја за уживање на домаќините, за време на некоја забава на која ќе присуствуваат пријателите. Приземјето, завиткано со големи отвори, го оддржува дијалогот помеѓу внатрешноста и надворешноста. А кога сме кај внатрешноста, кај неа преовладува чувството на чист и отворен простор. За осветлувањето на куќата Lanciano Design има повеќе сценарија, како на пример специјалните ефекти кои можат да го променат целосниот амбиент“.

За крај, коментирајте Вие…

 

Write A Comment