Оваа несекојдневна резиденција има 6 пространи спални соби и отворена кујна, која овозможува да се готви речиси во средина на природата. Кујната и трепезаријата се поврзани со тераса, нудејќи одлично место за дружење со гостите. Исто така поседува и освежувачки базен, како и прекрасна градина.
Внатрешноста и надворешноста се луксузни, sидовите се со неутрални тонови, модерни додатоци и интересно осветлување.
Дизајнерите користеле дрво и камен и многу малку стакло. Резултатот е луксузен дом кој нуди комфорт за своите сопственици.
















