Здраво тело

Моќен природен лек: Сок од цвекло

И нутриционистите и научниците се сложуваат во една работа – сокот од цвекло е идеална заштита за луѓето со срцеви заболувања…

Цвеклото го намалува крвниот притисок во најкраток можен рок, по само шест часа по испиени пола литри од нејзиниот црвен сок. Научниците од Мелбурн кои направиле истражување заклучиле дека процентот на смрт од кардиоваскуларни заболувања се намалува за 10 проценти .

Во претходните студии е откриено дека само една чаша сок од цвекло драстично го намалува крвниот притисок. Цвеклото е исклучително богато со нитрати кои го намалуваат крвниот притисок, но покрај тоа добро е и за зголемување на издржливоста што е особено важно кај спортистите.

Бетацианинот од цвеклото го успорува растот на туморот.

Научниците препорачуваат да конзумирате цвекло доколку имате проблеми со варењето, а особено е добро бидејќи и помага на јетрата при исфрлање на токсините.

Напиши коментар