Motherhood

Моќта е во вас

Љубовта го движи светот. Сето тоа е точно. Љубовта е онаа кохезна сила која го држи заедно целиот универзум. За мене љубовта е длабоко почитување. Кога зборувам за љубовта кон себе, мислам на длабоко почитување на она што сме. Се заедно прифаќаме со љубов. Безусловно.

Оваа планета страда од недостаток на љубов.

Ако не сакате да се сакате себеси денес, тогаш нема да се сакате ни утре, бидејќи било каков изговор да имате денес, ќе го имате и утре. Можеби ќе го имате и за дваесет години и дури да го напуштите овој свет и понатаму држејки се за него. Денес е ден да се сакате себе целосно и без очекување.

Љубовта кон самиот себе е најзначаен подарок кој можеме да си го дадеме на себе бидејќи кога го сакаме она што сме, нема да се повредиме себеси и нема да ги повредиме другите.

Се што сте доживеале до сега во својот живот создадено е со вашите мисли и верувања од минатото. Не се свртувајте на своите животи со срам. Гледајте на минатото како дел од богатството и полнотијата на вашиот живот. Без него ние денес не би биле овде. Нема причина да се казнувате себе затоа што не сте направиле најдобро. Сте направиле како што најдобро сте знаеле. Со љубов ослободете го минатото и бидете благодарни сто ве довело до оваа нова свест. Она што токму сега го правиме, создава основа за утре.

Секој ден кажете си себеси што сакате во животот. Кажете го тоа така како тоа нешто веќе да го имате.

И децата никогаш не го прават она што ние ин го велиме да го направат, тие го прават она што ние го правиме. Мора да бидеме пример и да живееме со онаков живот каков им посакуваме на нашите деца. Децата тогаш возвраќаат со ново чувство на самопочитување и почнуваат да го ценат и почитуваат она што се.

Пронајдете ја моќта во вас која знае што е за вас најдобро.

Лујза. Л. Хеј.

Напиши коментар