Преубавата италијанка Моника Белучи ќе ја игра главната женска улога во новиот филм на режисерот Емир Костурица. Лентата ќе биде насловена „Љубов и војна“ и ќе се снима во Требине во мај и јуни оваа година.
При пристигнувањето во Бања Лука во саботата Костурица и Белучи беа свечано дочекани од претседателот на Република Српска во Босна, Милорад Додиќ, кој е воедно и пријател на светски познатиот режисер.
Од БиХ Белучи отпатувала за Србија каде ќе биде почесен гостин на шестиот кино фестивал Кустендорф, организиран од Костурица. Настанот се одржува во Древенград околу 250 км југозападно од Белград.