Третманот со морска сол е познат уште од бабините книги. Општо познато е дека таа лекува голем број болести, но она во што е вистински ветеран, е борбата против настинките и грипот. А оваа зима дефинитивно ни треба нешто ефектно.
Експертите советуваат да правиме често топла бања со морска сол. Таа е идеална опција за одржување на топлината на телото. За да си подготвите релаксирачака бања потребно е ставите околу 300-350гр морска сол во 200л млака вода. Најсоодветно време за тоа е навечер – 2 часа по вечерата и еден час пред спиење. Пожелно е оптималната температура на водата да биде 36-37 степени.
Освен што ќе ве загрее, домашната када со морска сол ја подобрува еластичноста на кожата и делува како анелгетик и антиинфламаторно. Солта влијае позитивно и на нервниот систем, го намалува стресот, уморот, го нормализира спиењето и го зголемува тонусот на организмот.
Друг домашен лек приготвен од морска сол, се капките за нос. Ако страдате од сунузитис или носот ви е често затнат, може да се обидете со следниве опции: истурете 3-4 лажичиња морска сол во половина литар врела вода. Додадете и две штипки сода бикарбона. Откако водата ќе зоврие, тргнете ја од огнот и оставете да се излади. Со помош на дозер капнете од течноста по две капки во секоја ноздра и дишете длабоко. Чувството е малку непријатно, но веднаш ќе почувствувате олеснување.
