ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 јајца
6 лажици шеќер
3 кафени чаши сварено кафе
500гр слатка павлака
Малини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги жолчките заедно со шеќерот додека се направи пена. Додадете го кафето, истурете во тенџере и ставете на оган за да се згусне смесата. Мешајте постојано и додадете поголем дел од слатката павлака. Мусот е подготвен, кога ќе почне да се одвојува од дното на тенџерето. Оставете го да се излади, а потоа додадте го и остатокот од слатката павлака. Ставете го во мали чинии и украсете со малини. Ставете го во фрижидер за да се стегне.

