Убавина

На мажите најмногу им се допаѓаме без шминка

Не може, а да не признаеме дека чувствуваме вистинско восхитување и почит кон жените, кои темелно се грижат за својот изглед и секогаш изгледаат совршено. Дури и на плажа, дури и кога се излезени само до продавница, па дури и кога се дома…

Но пак и нема ништо посекси од девојка, која не се грижи да се појави надвор без шминка. Самодовербата и самоувереноста, со кои зрачи, се сто пати посилни од најсупер кармин!

Е, и мажите имаат исто мислење! Веќе е докажано дека на секои петмина представници на посилниот пол повеќе паѓаат на жени кои имаат природна дневна шминка или воопшто ја немаат.

Сепак, се чини дека 90% од жените никогаш не го напуштиле својот дом без да се нашминкани.

Се разбира, нема ништо лошо во тоа! Но, девојки, не заборавајте дека најсилно привлекуваме внимание, кога сме природни. Всушност, тогаш ни се случуваат и најубавите нешта. Затоа никогаш не престанувајте да бидете свои, но доколку сакате истакнете ги своите најубави црти!

Напиши коментар