Bridal

На розов бран со Вера Ванг

Новата свадбена колекција на Вера Ванг се покажа како неверојатно нежна, возбудлива, потопена во различни нијанси на розова. Розовата секогаш обезбедува еден необичен, но во исто време нежен и чувствителен изглед. Розовата е едена од боите на зимата. Розовата е чувствителна, розовата заведува, розовата те тера да сонуваш. Талентираната Вера Ванг ги поттикнува невестите да мислат на розова оваа сезона. Не за прв пат дизајнерката става акцент на оваа нежна боја во свадебените колекции. Да ве потсетиме дека во минатата нејзина колекција главнто место го завземаа црно-белите фустани, две сезони пред тоа – црвените.

 

Write A Comment