Motherhood

Најдобрата возраст за брак

Најдобро време за семејство е меѓу 23 и 27 години, покажува истражувањето на научниците од универзитетот од Тексас.
Во истражувањето учествувале 1503 мажи и жени над 18 години. Некои од нив се во брак, други се разведени. Тие биле замолени да пополнат прашања за разновидноста на семејниот живот и колку се задоволни од него. За да го одредат степенот на задоволството, специјалистите ја зеле во предвид возраста на која паровите стапиле во брак и годините откако се заедно како семејство.
Резултатите покажале дека најраните бракови пред 23 години завршуваат со развод. Идеална возраст е меѓу 23 и 27 години, иако многумина од младите сметаат дека тоа е премногу рано.
Експертите наведуваат дека ризикот од разделба е минимален кај луѓето кои стапуваат во брак меѓу 35 и 40 години. Но, според истражувачите, тоа не е идеално време, бидејќи со годините машката и женската физиологија се менува и паровите се соочуваат со потешкотии да зачнат дете.

Напиши коментар