Најголемата сила која се крие во еден човек е знаењето дека си сам за себе, но не и сам со себе.
Обично дури и не си го замислуваме тоа. Не го сваќаме, а уште помалку го применуваме во пракса. Бидејќи сме навикнати на идејата дека се е премногу комплицирано. Бидејќи ни е врежано дека животот е една жестока борба за опстанок во која ако не го изедеш другиот, ти ќе бидеш изеден. Бидејќи премногу често забораваме дека соединението ја прави силата…
Историјата на едно дете од индиските гета сепак ни покажа и докажа дека да го промениш светот всушност е многу едноставно. Доволно е да се осмелиш да го направиш првиот чекор и да дадеш личен пример. И дека идеалот кој сакаш да го постигнеш е достоен за луѓето да те следат.
Затоа сакаме да го споделиме со вас ова видео! од малото момче во него можеме да научиме непроценлива лекција. Имено, дека да се биде добар лидер е огромна сила, а за да станеш добар лидер, на прво место треба да веруваш во сопствената сила. И да дадеш личен пример!