Здраво тело

Најефикасните природни лекови против забоболка

Лук

Ставете лук со малку сол на болниот заб. Тоа ќе ја смири болката, со оглед на тоа дека лукот е најефикасен домашен лек кој се користи против забоболка.

Лед

Ставете го ледот на болнотот место и пробајте благо да го притиснете. Најчесто на тој начин болката се смирува бидејќи ледот е ефикасен во делувањето на нервните завршетоци.

Краставица

Исечете свежа краставица на дебели кругови и ставете ги на и околу забот кој ве боли и ќе почувствувате смирувачки ефект.

Нане

Ставете малку листови од сушено нане околу забот 15 минути, и потоа извадете го. Повторувајте ја постапката 10-15 пати на ден.

Кога навечер ќе се разбудите во агонија предизвикана од болка, пред да посегнете по аналгетици, разгледајте ја можноста да ги искористите предностите кои ги овозможуваат овие сосема природни начини за елиминација на болката.

 

Напиши коментар