Prison brake

Најневеројатниот танц на светот (Видео)

Чиста, нежна, вонземна… Така може да биде опишана една пеперутка, бидејќи во тоа кревко живо суштество е собрана целата грациозност на светот. Мислевме дека нема како таа да биде надмината, но сме згрешиле.

Пријатели, наидовме на нешто уникатно. Видео кое не натреа да поверуваме дека за еден човек кој сака да постигне нешто не постојат никакви ограничувања.

Едноставно, немаме зборови со кои можеме да го опишеме танцот Butterfly Lovers, преку кој една кинеска легенда за трагичната љубов на двајца љубовници оживува. Неверојатен, го одзема здивот… Ова обично се премногу силни епитети, но за овие изведувачи тие не се доволни!

Исклучително сложените акробатски броеви, исполнети со неверојатна леснотија и грациозност создаваат изведба која е надвор од границите на човековите можности. Но еве што е можно! Еве доказ дека човек може да постигне многу повеќе отколку што тој самиот претпоставува.

Погледнете го овој балет, пријатели! И нека тој секогаш ве потсетува дека во секој од нас се крие неверојатен потенцијал.

Write A Comment