Bridal

Најповолните датуми за свадба во 2014 (1 дел)

Ќе создавате семејство? Одлично, наши честитики. А сега малку ќе ви помогнеме и ќе ве запознаеме со најсоодветните денови за свадба во 2014. Или барем така вели астрологијата. Според неа, има датуми кои ќе ви донесат многу хармонија и љубов, но има и такви кои го ветуваат спротивното. Погледнете ги.

Јануари

Општо земено, овој месец воопшто не е соодветен за кажување на “ДА”!. Младоженците многу наскоро престануваат да се сакаат и се разделуваат со кавги.

Февруари

Исто негативен месец. Освен тоа се смета дека има голем ризик од инциденти на самиот ден на свадбата.

Март

Одличен месец за свадба! Најпогодни се деновите од 14 до 20 Март и од 23 до 31 Март. Според ѕвездите, паровите кои слкучиле брак на овие датуми, ќе се радуваат на одличен семеен живот. Сепак има еден поопасен датум, а тоа е 15 Март.

Април

На 15 Април ќе има затемнување на месечината. А не е убаво да се венчаме во такви денови, бидејќи тоа доведува до развод. Дури е најдобро да склучиме брак најмалку 10 дена пред затемнувањето. Затоа, доколку се држите за Април, тогаш ориентирајте се кон 1-2 и 18-22.

Мај

Мај исто така има многу поволни денови и тоа се последните два од месецот. Ако не успеете да се вклучите во нив, тогаш можете да се омажите и на 25,26,27 и 28.

Јуни

Во Јуни најсоодветните денови се од 1 до 6. Секој останат ден е лош неуспех во односите.

Јули е наколонет кон младоженците. Во него има многу убави денови за свадба и тие се од 4 до 22.

Па, девојки, потрудете се да го изберете соодветниот датум. Ако, пак, сте решиле да се венчате во второто полугодие на 2014, наскоро ќе ве запознаеме со најповолните датуми и во овој период.

Write A Comment