Постојат чевли кои буквално те оставаат без здив!
Бојата е црна, платформата висока и елегантна, чевлите уникатни и задолжителни за летната сезона 2013!
Креаторот одново успеа да не изненади со колекцијата на чевли за идното лето. Тој е креатор на марката Yves Saint Laurent.
Јаne моделот на чевли е неверојатен, фантастичен и идеален са секоја пригода.
Хероината на француската модна куќа е фатална и различна. Избирајќи го токму овој модел на чевли, треба точно да знаете со што да го искомбинирате.
Слиман обожува да ги завршува визиите со кратки кожени јакни и строги сакоа, збогатени со елегантни здолништа и женски пантолони.
Секако, не е неопходно да ги комбинирате обувките со други аксесоари, затоа што тие се веќе сами по себе доволни за целосната ваша визија.
Ријана беше забележана со овие обувки на кошаркарскиот натпревар со Крис Браус. Таа ги имаше искомбинирано со црни тесни пантолони и кратка црна блуза.