Дестинации

Најскапиот град во светот – Луанда

Ангола е земја која ќе ви ги отвори очите – на многу начини. Долго време беше воено подрачје и немаше развиен туризам, ниту пак странците ја посетуваа се до почетокот на 1970-те години. Се дотогаш таа беше далечна, отуѓена и неоткриена, со многу природни богатства и културни наследства. Сега, доколку ја посетите оваа земја, можете да уживате во пространите плажи, во својата осаменост, пустината, парковите и интригантните урнатини на португалските колонии. Од Луанда до Лубанга, оваа земја има многу нијанси и прекрасни работи да понуди, така што стана задолжителна дестинација за многу светски патници. Таа и понатаму е дестинација за авантуристите, оние кои се храбри и немаат одреден буџет за годишен одмор.

Веќе втор пат во периодот од три години, африканскиот град Луанда, е прогласен за најскап град во светот. Сепак, фактите ни кажуваат дека поголем број од населението живее сиромашно, во предградието, но во центарот на градот владеат скапоцени Поршиња, Кадилаци и Рејнџ Ровери.

Луанда е град на непомирливи контрасти. Се наоѓа совршено позициониран, на брегот на Атлантскиот океан, што му дава спектакуларност и егзотичност.

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

NAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

жNAJSKUPLJI GRAD SVETA - LUANDA

 

Напиши коментар