Неговото име е The Chedi Resort Hotel, чии врати ќе бидат отворени за посетителите следниот Божиќ. Според прогнозите овој резорт ќе го има првото место во класацијата за најскапи комплекси не само на Алпите, туку во целиот свет. Навистина фотографиите кои го визуелизираат проектот покажуваат еден доста луксузен резорт.
Се наоѓа во срцето на живописното селце Андермат, Швајцарија. Досегашната инвестиција е некаде околу 1,5 милијарди долари. Запрашајте се кој би можел да си го дозволи тоа? Станува збор за една од најбогатите во светот компании, египетската Orascom Development Holding AG, која поседува над 700 луксузни објекти ширум светот.