Prison brake

Најстарата мајка во Кина: Родила близнаци на 60. години!

Кинескињата Шенг Хајлин на 60 години станала мајка на близнаци. Откако ја изгубила својата ќерка едниница, таа била подложена на вештачко оплодување и таа е можеби најстарата жена која некогаш се породлила во таа земја.

Хајлин, која сега има 63 години во 2009. година ја изгубила својата прва ќерка која тогаш имала 30 години, од случајно труење со гас.

“ За да преживеам и да не останам сама, одлучив во овие години да родам уште едно дете”, изјавила Шенг.

Една воена болница во градот Хефеј на истокот на Кина во 2010. година се согласила неа и на нејзиниот сопруг да им овозможи вонтелесно оплодување. Таквите случаи се многу ретки во Кина, каде што е во сила веќе 30 години стариот закон за едно дете, кој од следната година, сепак, ќе биде изменет.

 

Write A Comment