Среќата е секаде околу нас. Чврсто ја носиме во себе, околу себе и со себе! Трикот е едноставен: за да бидеме среќни мора да сакаме да бидеме среќни!
Среќата е во секој од нас, со неа се раѓаме и живееме, и тајната на среќата е многу едноставна: среќни сме тогаш кога ќе решиме да веруваме дека сме среќни. Среќата е избор, а не ток на животот.
– Не постои пат до среќата, патот е среќата
– Најсигурен начин да не станете многу несреќни е да не барате да бидете многу среќни.
– Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен.
– Кога сме среќни, секогаш сме добри, но кога сме добри не сме секогаш среќни.
– Ако негогаш барајќи ја среќата, ја најдете таа среќа, вие ќе бидете како онаа старица која ги барала своите очила, ќе откриете дека среќата цело време ви била пред носот.
– Не зависи од вас дали ќе бидете богати, но од вас зависи дали ќе бидете среќни.
– Среќниот човек е како сонце: каде и да оди осветлува.
– Среќен е оној човек кој успева да живее во сегашноста.
– Среќата е единствена работа која се множи кога се дели.
