Погледнте ги плажите од кои застанува здивот…
Anga dos Rei,Costa Verde
Една од најнедопрените плажи на светот, се наоѓа во Бразил. Нуди спектакуларна убавина и приватност. Повеќе од 200 километри плажа со раскошна убавина, ќе ги задоволи сите ваши чула и ќе ви приреди рајски одмор. Право место да се почастите себе.
Las Terrenas
Ова градче во Доминиканската Република се простира на 225 километри квадратни и во секое свое катче има што да понуди. Секако најпопуларните плажи во светот Playa Bonita и Playa Las Ballers нудат најмногу.
Punta Cana
Punta Cana, исто така се наоѓа во Доминиканската Република, во областа La Altagracia. Позната е по најмногу хотелски комплекси на светот, со преку 28.000 соби. Достапноста на скоро сите спортови на вода, егзотичната убавина, многубројните студенти од Канада и Америка кои овде го помиуваат својот одмор, допринеле за развојот на ова место.
Vaagali островот, Малдиви
Островот Vaagali е сместен на Малдивите. Многу популарна дестинација за нуркачите, поради богатиот морки свет. Сите спортови на вода се достапни и представуваат одлична доза на атрактивност. Иако ова острово е мало, овозможува феноменални атракции во текот на целиот ден.
Rincon Beach-Порторико
Rincon Beach е следната дестинација која би можеле да ја издвоиме. Сместена во Порторико, украсена со феноменален златен песок, представува прав мал рај. Плажата е окружена со многубројно зеленило . рестораните се од прва класа и нудат храна од целиот свет.
















