← НАЗАД НА БОЗА

Најубавите плажи во Египет

Најубавите плажи во Египет
714 Читања

Плажите во оваа земја со богата историја, претставуваат вистински рај за хедонистите…

Плажите во Египет се извонредно пријатни, чисти, песочни… Овде се наоѓаат некои од најубавите плажи во светот, со фантастични локации за нуркање. Голем е и бројот на можностите за водени спортови, а морето е богато со прекрасни шарени риби и прекрасни корали кои се заштитен знак на оваа земја и се доста заштитени.

Hurghada Marriot Beach Resort нуди луксузност, ексклузивност и раскош. Освен прекрасните природни плажи, хотелот поседува и мал остров, кој се наоѓа во центарот на Хургада. Ситната, жолта песок, дава дополнителен шмек на ова место кое нуди извонреден, незаборавен одмор.

Agiba Beach претставува вистинска оаза на мирот. Малиот, но спектакуларен брег, убавината за завидување ќе Ви овозможат блескав ден. Меѓу добрите познавачи на светските плажи, Агиба претставува една од најдобрите летни локации на светот.

Soma Bay се наоѓа помеѓу Хургада и Сафага и претставува  вистински бисер на Црвеното море. Богатиот морски свет, прекрасната песок и тиркизното, чисто море, ќе го направат Вашиот одмор незаборавен. Ова место е доста привлечно и за спортски активности, како и на морето, така и на плажата. Можеби главен „ виновник “ за тоа е прекрасната положба на плажата…

Погледнете ги плажите со кои се гордее Египет… Извонредни се !!!

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk