Мојата кујна

Највкусните топли сендвичи

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 јајца

* 12 парчиња леб за тост

*3 лажици сенф

* 6 парчиња шунка

* 6 парчиња варено пилешко филе

*12 парчиња кашкавал Гауда или Ементал

* 125мл млеко

* 2 лажици маслиново масло

* сол

* мелен црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Секое парче леб намачкајте го со сенф од едната страна. На сите 6 парчиња леб ставете по едно парче кашкавал, шунка и пилешко филе па покриете ги со другите 6 парчиња леб.

Во еден сад изматете ги јајцата и млекото. Зачинете со сол и црн пипер. Ставете маслиново масло во тавче да се загрее. Потопете ги сендвичите во млечната смеса, па ставете ги да се запржат.

Топлите сендвичи се јадат веднаш.

Write A Comment