Њујорк – Никој неможе да каже дека овој град е центар на светот. Милиони луѓе сонуваат да живеат таму,многу сакаат да го посетат барем еднаш во нивниот живот.

Лондон – Градот кој е богат со историско наследство, но истотака се кој цело време се обновува. Исто така тој град ги нуди најдобрите и најпознатите уметнички колекции во светот. А како главна атракција се улиците и купувањето во маркетите.

Лас Вегас – Кога би отишле во Лас Вегас исто е како да влегувате во некој огромен забавен парк. Го буди лошото дете во секој од нас, место во кое забавата каде што скоро и нема граница. Најпозната изрека за овој град е “Што и да се случи во Вегас,останува во Вегас”.

Мајами – Најголемиот светски град каде што забавата трае 24/7. Нема некои позначајни културни настани или пак некоја градба на самиот град, но има премногу плажи и барови на самите плажи а да не заборавиме на премногуте нокни клубови.

Лос Анџелес – Привлечноста на Холивуд е доволно Л.А. да стане град во кој секој сонува да живее таму. Секако, не е некое прекрасно место, но тоа е место каде што каде и да отидете низ овој град, може да го осетите животот на славните личности, место кое може да ве занесе во големо уживање од барот на плажа па се до шопингот во Беверли Хилс.

Барселона – од 1980 каде што беше обичен град со пристаниште, за една декада прерасна во град кој има динамичен микс на урбана ареа и место за одмор.

Дубаи – Град во кој се рушат сите рекорди кога станува збор за архитектура. Град кој мора да го видите,за да поверувате. Од едно обично градче кое во минатото се заработувало со риболов, за до денешен ден Дубаи прерасна во град кој стана урбана дестинација за сите туристи.

Парис – Градод на љубовта и виното. Град со најдобрите бутици и улицата со легендарни кафе барови. Исто така, го поседува едно од многуте светски чуда на планетата, секако Ајфеловата Кула.

Рио Де Жанеиро – Девојките од Ипанема, ситниот песок на Копакабана, сликите од познатиот карневал е доволно да се погледнат за да почне да ви расте температурата во вашето тело. Животот на тамошните плажи е место каде што на друго место во светот не постои.

Бангкок – Порано имаше прилично лоша репутација, но тоа е всушност кој го прави примамлив и фасцинантен за туристите. Град на контраст, кој ги задржал некогашните традиции а во исто време и многу “западизиран” град во Азија.Така да ако некогаш сакате да посетите град во Азија, обично Бангкок е изборот.

