Здраво тело

Намирници кои треба да ги јадете во пролет

Месецот март е месец во кој зимата полека и го одстапува своето место на пролетта. Пролетта е најубавата сезона кога се во прашање температурите. Тое е причината зошто е пролетта поврзана со љубовта, младоста и виталноста. Би било навистина жално да се разболете во таа сезона. Тоа е причината зошто треба да јадете некои супер намирници во март, за да го одржите своето здравје. Погледнeте кои намирници можат да ви помогнат да изградите имунитет, така да можете да уживате во убавото време.

–          Јагоди

Март е месец во кој можат да се најдат јагоди. Купете јагоди и најдобро искористете го ова овошје богато со витаминот Ц и со антиоксиданси.

–          Грашок

Грашoкот е зеленчук кој е типичен за оваа сезона. Јадете го овој зеленчук во изобилство, бидејќи содржи мала количина на калории, има многу протеини, витамини А и Ц.

–          Лосос

Лососот е таква врста на риба која обично се лови на пролет. Оваа масна риба содржи многу добар холестерол.

–          Млад кромид

Младиот кромид содржи многу хранливи состојки. Тој содржи алицин кој е здрав за срцето, витамин А за очите и многу малку калории.

–          Ананас

Ананасот е еден од најдобрите плодови за детоксикација на вашето тело. Ова овошје богато со антиоксиданси исто така помага во намалување на тежината. Големите количини на витаминот Ц во ова овошје помагаат при заштита од мали инфекции како што е грипот.

Напиши коментар