Убавина

Нападнете ги целулитот и стриите во домашни услови

Иако сезоната на кратките здолништа веќе конечно не напушти, грижата за добриот изглед е секогаш актуелна. Особено во студените есенски и зимски денови, кога нашиот организам зголемува хранливи потреби и складира повеќе поткожни масти.

Сепак, пред да прибегнете кон скапи често неефикасни постапки ви нудиме да го нападнете целулитот и стриите со нашите многу безопасни, лесни и достапни предлози за домашна употреба.

Пилинг против целулит

Измешајте ½ чаши мелено кафе со маслиново масло до добивање на густа каша. Нанесете го добиениот пилинг врз проблематичните зони, нежно масирајте, а потоа исплакнете и продолжете со…

Масло против целулит

Потребни ви се ½ чаши маслиново масло, сок од грејпфрут, 30 капки етерично масло од рузмарин и една ампула витамин Е. Нанесте ја добиената смеса со масажни движења на погодените зони на телото. Завршете со проѕирна фолија и останете така барем еден час, а најдобро цела ноќ.

Маска против целулит

Измешајте сок од ½ лимон со 5 лажици мед и 2 лажици англиска сол. Нанесете ја маската врз проблематичните зони, завршете со проѕирна фолија и по 30 минути измијте.

Крем против стрии

Изгмечете едно авокадо и кон него додадете 4 лажици маслиново масло, 4 лажици алое вера гел и 6 ампули витамин Е. Сите состојки ставете ги во блендер до добивање на хомогена смеса.

Нанесувајте од добиениот крем секој ден вака: втријте со масажни движења, оставете да отстои 30 минути, а потоа измијте со топла вода. Чувајте го кремот во фрижидер, но не повеќе од едне недела.

Домашна атака срещу целулит и стрии

Write A Comment