Art & Crafts

Направете сами природен лек за отпушување на синусите

Воспалението на синусите, придружено со затнат нос и тешкотии во дишењето, може да биде многу иритирачки.

Доколку сакате на природен и здрав начин да се ослободите од овие непријатни појави, и на тој начин да го зајакнете имунолошкиот систем, направите сами природно средство за деблокирање на синусите.

Состојки:

* 1 мала чаша мед

* 1 мала чаша сок од лимон

* 5 до 7 главици ротквица

* 1 мал црвен кромид

* 6 чешниња лук

Подготовка:

  • Измијте го добро зеленчукот. Кромидот и лукот излупете ги и исечете ги на кругови.
  • Се заедно ставете во блендер и добро мешајте се додека не се добие изедначена маса.
  • Истурете ја смесата во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Користење:

Возрасни – 2 супени лажици на ден (или повеќе ако е потребно).

Деца – 1 лажица дневно. Првичните реакции од овој препарат ќе ги почувстувате по 24 часа.

Напиши коментар