Art & Crafts

Направете сами здрава и вкусна антиоксидантна бомба!

Дали сте подготвени за пијачка, за да го прославиме доаѓањето на викендот? Ние сме!

Ви предлагаме една неалкохолна алтернатива, која ќе ви биде од корист и за здравјето.

Време е да го прочистите вашето тело од искушенија. Смирено, нема да ве тераме да пиете разни пијалици со чуден вкус.

Ви нудиме одлична антиоксиданс бомба – микс од јагоди, боровинки и манго со малку вода. Ако не сте обожаватели на манго, може да го замените со праски.

Антиоксидансите се корисни во борбата против брчките и стареењето на кожата, го намалуваат ризикот од некои болести, вклучувајќи, рак, и го подобруваат имунитетот.

Боровинките го намалуваат крвниот притисок, јагодите го чуваат срцето, а мангото е добар извор на влакна и витаамини.

1 чаша свежи боровинки (или замрзнати)

1 чаша (околу 5) свежи јагоди (или замрзнати)

2 чаши излупено и исечено манго

¼ чаша вода

Испасирајте го овошјето заедно со водата до глатка смеса. Исцедете и ако е потребно додадете уште вода.

Пред сервирањето гарнирајте со сецкано манго, боровинки и јагоди (по избор).

Може да одстои во фрижидер до 2 дена (протресете добро пред сервирање).

 

Напиши коментар