Art & Crafts

Направете сапун без хемикалии

Подготовката на домашн сапун е идеален начин да ја заштитите кожата од нездравите хемикалии кои ги има во сапуните кои ги купуваме. Ова особено ќе им се допадне на оние кои имаат чувствителна кожа, и кои ретко може да најдат саун кој навистина им одговара. Освен тоа ќе биде забавно.

Потребно ви е:

–      500 гр глицерин кој лесно се топи

–      калапи за сапуни, може да употребите и капали за колачи

–      голема дрвена лажица за мешање

–      остар нож

–      голем сад кој може да го употребите во микробранова

–      алкохол во шише со распрскувач

–      кеси

–      и зачини кои може да ви послужат за добивање боја и мирис

Подготовка:

Исечете го глицеринот на тенки парчиња и ставете го во садот за топење. Загрејте го во микробранова на највисока температура 40 секунди. Ставете ги зачините за да ја добиете сакана боја и мирис. Може да употребите ванила, шафран, цимет, какао, кафе, рендана кора од портокал или лимон,смелена лаванда…Може и да подготвите неколку смеси па да ги измешате за да добиете шарен сапун.

Промешајте и сипете во калапите. Оставете нека се кренат меурчињата нагоре и испрскајте со алкохол за да добиете убаво мазен сапун. Кога ќе се стегне извадете ги сапуните од калапите и замотајте ги во кеси. Не ги употребувајте веднаш, ставете ги нека стојат на темно и суво месо.

Напиши коментар