Art & Crafts

Направете “свој” сапун

Еве еден едноставен рецепт како да направите сапун, кој ќе го има вашиот омилен мирис и ќе го има обликот кој вие го сакате. Еден обичен глицерински сапун, исецкајте го на ситни парчиња и ставете го во сад кој е отпорен на поголема топлина. Топете го на пареа, така што садот во кој го ставивте сапунот ќе го ставите одозгора на друг сад во кој врие вода. Важно е сапунот полека, постепено да се топи. Кога смесата ќе се стопи додајте неколку капки од вашето омилено етерично масло, или измешајте неколку, по ваша желба. Потоа смесата исипете ја во калапите кои ги одбравте за обликот на сапунот. Може да ги искористите калапите за колачи или пластичната амбалажа од бомбоњерата за мини сапунчиња. Што се однесува до бојата на сапунот, можете да користите безбоен сапун, па да ја направите бојата на сапунот по своја желба користејќи прехранбена боја. Или пак да купите повеќе глицерински сапуни во повеќе бои, па да ги мешате. Исто така, како декорација може да употребите некои работи од кујната како што се: кафе, цимет, кора од лимон и портокал, суви цветови и сл. Или пак, доклу имате некакви предмети мали, ситни кои се отпорни на висока температура, може да ги употребите за декорација на ваште сапуни.Сапуните треба да се сушат на собна температура, нормално претходно да се извадат од калапите.

Напиши коментар