Тајната на убавиот изглед не се крие само во содржина на скапите креми туку во природната мешавина од зеленчуци кои покрај тоа што се нанесуваат на кожа,се конзумираат како пијалок.
Ќе ви прикажеме рецепт за еден таков чудотворен сок кој го чува здравјето,ја подмладува кожата и помага при регулирање на телесната тежина.
За чудотворниот пијалок кој на вашата кожа ќе и даде затегнатост и еластичност, компоненти кој со годините нашата кожа ги губи, потребни ви се краставица, целер и зелен органски чај.
Благото и смирувачко дејство на краставицата е добро познато, а произлегува од кофеинската киселина и витаминот Ц, додека силицијумовата киселина како уште една компонента на краставицата е многу важна за одржување на здравјето на везивното ткиво на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а здружена со водата природно хидрира и и дава на кожата здрав сјај.
Севкупниот Б комплекс од целерот ја поттикнува размената на јаглехидратите во телото и ја одржува кожата здрава, додека неговата главна компонента кумарин го спречува штетното делување на слободните радикали и кожата ја прави блескава.
Третата состојка е неизбежниот зелен чај чиј голем дел од антиоксидансите вклучувајки ги и витамините Е и Ц го успоруваат стареењето на кожата.
Потребни состојки за face lifting пијалокот:
– 2 излупени краставици
– 4 стебленца целер
– 2 чаши зелен органски чај
Подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки и добро измиксајте, по потреба додадете малку вода доколку смесата ви е прегуста. Пијалокот конзумирајте го во што пократок рок по припремата.