Усните се многу чувствителни, па затоа треба да се грижиме за нив, за да се убави и меки.
Медот е соодветен не само за исхрана и добро здравје, туку и за убавина. Затоа денес решивме да ви покажеме како можете да си направите сами прекрасен балсам за усни со мед.
Потребни состојки:
– 3 лажици изрендан восок од пчела
– 5 лажици масло-јојоба, сончогледово или рициново
– ½ мали лажичиња витамин Е
– 1 лажичка мед
Доколку сакате балсамот да ви биде елегантен , користете две чаени лажички восок и 8 лажици масло.
Начин на подготовка:
Растопете го пчелниот восок и маслото на пареа. Добро измешајте и одстранете го од огнот. Додадете го медот и витаминот Е и повторно промешајте добро.

Ставете ја смесата во соодветен сад и оставете балсамот да се излади околу 20 минути пред да го нанесете.

