Еве една одлична идеја која истовремено многу лесно се израбутува, а притоа ќе ја разубави собата и ќе биде интересна занимација за вашето бебе. Станува збор за висечки украс направен од форми од хартија што во случајов се пеперуди.
Се разбира вие можете да изберете и нешто друго например срциња, животни или цветови и да ги направите во различни бои.
Што ви е потребно?
Како за почеток најдете дрвен или пластичен круг со не многу широк дијаметар. Тој ќе ви служи како основа.
Поставете две метални жички внатре во кругот така за да формираат крст или икс. Врз нив ќе ги закачувате формите со помош на конец.
Наш совет е да направите висулки со различна должина, при што најдолгите треба да ги поставите во внатрешниот дел на основата, а пократките во надворешниот дел.