Кашлицата може да се лекува и со народни средства.
Докажано е дека бабините рецепти помагаат при кашлица. Тие не само што се лесни за исполнување, туку го штитат и организмот.
- Земете ‘рж, овес или јачмен, додадете цикорија и два грама исчистен горчлив бадем и сварете топол пијалок – пијте го како обично кафе, може и со топло млеко.
- Направете сок од ротквица со шеќер или мед – ја ублажува кашлицата и болките во градите при настинка.
- Ситно исечете и сварете 10 главици кромид и едно чешне лук во непастеризирано млеко, додека не омекнат. Додадете малку чај од нане и мед. Доза: по една лажица на час во текот на целиот ден.
- При кашлица помагаат и жолчките од јајца, изматени со шеќер и рум (на гладно).
- Измешајте сок од ротквица или морков со млеко и мед во однос 1:1. Доза: по 1 лажица 6 пати на ден.
- Измешајте 2 лажици свежо масло, 2 жолчки од свежи јајца, 1 кафена лажица брашно и 2 кафени лажици чист мед. Се консумира по 1 кафена лажица 3 пати на ден.
За смирување на кашлица се препорачува сок од боровинки со мед.