Bridal

Народни обичаи за веридба

Веридбата денеска најчесто е интимен чин помеѓу двајца што се сакаат, момчето пробува да ја побара за жена девојката на романтичен начин. Формалната веридба се одржува во куќата на младата. Тоа е прво запознавање на родителите на младоженците. Идниот младоженец со своето најтесно семејство и со кумот оди на гости кај невестата на свечен ручек или вечера. Тука меѓусебно се запознаваат сите, девојката добива прстен од момчето и од тој момент добиваат статус на вереник и вереница. Мајката на момчето ја дарува девојката, најчесто со злато. А идната невеста ги дарува мажите со кошула а жените со материјал за фустан.

Потоа следи договор за свадбата, кога, каде, колку гости, каква музика.

Напиши коментар