Motherhood

Научниците докажаа дека мајчинството не прави попаметни

Научниците докажаа дека мајчинството ги прави жените попаметни. По појавата на бебенце, дамите помнат и учат многу полесно од порано.

Професорот Крег Кинси од Универзитетот во Ричмонд го тврди следново:

“Мајчинството е поврзано со многу предности, бидејќи мозокот на мајката се обидува да “порасне”, за да одговара на барањата на бебето”. Според него, раѓањето ја менува големината и обликот на одделни мозочни клетки и тоа прави мајката да мисли побрзо.

Специјалистите тврдат дека задоцнетотo раѓање може да и го продолжи животот на жената, бидејќи нејзиниот мозок добива дополнителни сили во периодот кога обично меморијата се влошува.

Па, мајки, сега разбирате дека освен што сте најсреќната жена на светот, вие сте и паметна. Може комуникацијата во моментов ви се сведува само на “бу-бу” и “гу-гу” , а социјалните контакти ви се ограничени на цуцла и пелени, но верувајте, сега вие ја добивате највредната лекција од животот – како да бидете МАЈКА!

Write A Comment