Motherhood

Навистина поучна приказна! Што ви е потребно за да успеете?

Ние често не разбираме која е нашата најголема сила. А таа е она што го носиме во себе. Волјата, решителноста, упорноста, флексибилноста на умот… таа ги вклучува сите оние работи кои веќе ни се дадени, за да одиме напред.

И во овој ред на мисли решив да споделам со вас една приказна на која наидов случајно. Таа ме потсети дека ако човек сака да се откаже, секогаш ќе најде причина. Ако сака да постигне нешто, секогаш ќе најде начин. Доволно е да поверува во себе и да стекне самодоверба…

“Сопственикот на бизнис бил заглавен во долгови и не успеал да ги врати. Зделките кои ги склучувал не биле толку поволни, вработените сакале подобри услови, банките го притискале за пари. Очајот бил комплетен.

Така тој седел на една клупа во паркот, ја фатил главата со раце и се прашувал дали има нешто што може да ја спаси фирмата од банкрот.

Одеднаш се приближил еден возрасен маж и му рекол: “Гледам дека има нешто што те мачи?”.

Прашањето го натерало бизнисменот да ја отворуи својата душа пред непознатиот човек. Тој го ислушал трпеливо и потоа рекол: “Верувам дека можам да ти помогнам”. Потоа го прашал бизнисменот за неговото име, извадил чековна книшка, пополнил еден чек и му рекол: “ Земи ги овие пари. Ајде да се сретнеме овде точно по една година. Тогаш ќе ми ги вратиш и ќе ми кажеш што се случило”.

Потоа се завртел и се изгубил во толпата во паркот. Бизнисменот во првиот момент не можел да свати што се случува. Сето сму се чинело како сон. Единственото нешто за она што се случило бил чекот кој го држел во раката. Го погледнал и речиси ќе се онесвестел од изненадувањето.  Износот што бил наведен во него, бил 500 000 долари, а самиот чек бил потпишан од Џон Рокфелер, еден од најбогатите луѓе во светот.

“Можам да ги отплатам сите долгови веднаш!” – Сватил мажот. Но наместо тоа, тој решил да не го употреби чекот туку да го стави во сефот. Чекот му ја давал саканата сигурност, но тој решил дека ќе направи уште еден последен обид да го спаси бизнисот со сопствени сили.

Со оживеан оптимизам бизнисменот  успеал да реализира неколку големи продажби. По само неколку месеци успеал своерачно да ги отплати сите долгови, а бизнисот повторно почнал да напредува.

Точно една година подоцна, тој се вратил во паркот со чекот во џеб. Во определеното време се појавил и возрасниот човек. Но точно кога бизнисменот требало да му го врати чекот и да му ја раскаже приказната, се појавила една медицинска сестра, задишана од брзо одење, која го фатила старецот.

“Толку се радувам што успеав да го стигнам”. – рекла таа . “Се надевам дека не ви пречеше многу. Тој често бега од старечкиот дом и им раскажува на луѓето што ќе ги сретне дека е Рокфелер”. Потоа го одвела старецот.

Бизнисменот стоел и неможел да поверува во она што го слушнал. Цела година тој купувал, продавал, склучувал договори и водел преговори исто како да располага со поддршка од половина милион долари!

Одеднаш сватил дека не парите – имагинарни или вистински, се она што му го сменило животот. Причината била во стекнатите доверба и самодоверба дека има моќ да ја постигне целта која ја гони!”.

Write A Comment