Motherhood

Навистина важни лекции што треба да ги научиме!

Човек не престанува да се менува се до последниот здив… Никогаш не го заборавајте тоа и користете го паметно. Користете го за да ја засилите верата, дека секогаш има пат напред кон подобра иднина.

Во исто време, сепак, постојат некои основни лекции за работите од животот кои е убаво да ги научиме што е можно порано. Затоа “украдете” ги овие вредни вистини кои го собрале во себе човечкото искуство. Ако ги сватите и разберете уште пред 30-годишна возраст, вашиот живот ќе биде многу посреќен…

Парите не се решение на вистинските проблеми

Не велиме дека финансиската независност нема да го направи вашиот живот поубав. Напротив! Тоа ќе ви даде слобода. Но ако гледате на парите како цел, а не како средство со кое го правите својот живот и животот на другите подобар, тоа ќе биде лажна слобода. Затоа што нема да знаете како да уживате. Најважните работи не се купуваат со пари, туку често се заработуваат.

Уживај на патот, додека одиш кон целта

Ако немате сон кој ќе го претворите во цел и ќе го следите, значи веќе сте пропаднале. Бидејќи не знаете каде одите. Но уште поважно е дека живиот живот е во патот кој изминал, следејќи ги соништата и целите. Затоа научете да уживате во секој момент, во секој залак храна, во секоја голтка вода…

Не можете да им угодите на сите

“Не знам каква е тајната на успехот, но тајната на неуспехот е да се обидуваш да им угодиш на сите” – многу добро кажал Бил Козби. Ако се водите од мислењето на другите, ако барате одобрување и се плашите што ќе помислат за вас, едноставно ќе пропаднете. И на никој друг нема да му е гајле за тоа, освен на вас! Најважно е да останете верни на сопствените вредности. Другите секогаш ќе најдат за што да те критикуваат.

Највредното богатство, со кое располагате, е вашето здравје

Ако не се научите да го цените вашето здравје додека го имате, ќе треба да го цените кога ќе го загубите. А, верувајте, тогаш ќе сватите дека тоа е непроценливо.

Не е секогаш подобро да го добиете она што го сакате

“Човек кога губи, не знае што добива” – сигурно сте ги чуле овие зборови. Да, понекогаш има огромна смисла во тоа да не успеваме да направиме или добиеме нешто. Бидејќи можеби навистина заслужуваме повеќе!

Write A Comment