Здраво тело

Не ја фрлајте лушпата на кромидот!

Со насолзени очи повеќето готвачи ја фрлаат лушпата на кромидот, но нутриционистите предупредуваат дека така фрламе многу хранливи состојки.

Група шпански и британски научници ги тестирале состојките од сите делови на кромидот, вклучувајќи ја лушпата, надворешниот слој, коренот и стеблото. Ги испитувале можните начини на користење на секој дел, дури  и на она што го сметаме за отпад.

Дојдовме до заклучок  дека кромидот содржи многу влакна (прво нетопливи влакна и флавоноид. “Конзумацијаат на влакна го намалува ризикот од болести на крвотокот, тегоби со желудникот, ракот на дебело црево,  дијабетис  тип 2 ., тврди Ванеса Беницес од Автономниот универзитет во Мадрид.

Значи сите делови од кромидот трба да се користат, бидејќи содржат пробиотици кои ја подобруваат цревната флора. Исто така во кората има и состојки кои влијаат добро на крвотокот.

 

Write A Comment