Motherhood

Не правете ги овие работи во бракот!

Преголемите очекувања од брачниот живот може да бидат причина за многу проблеми по кажувањето на судбоносното ДА. Еве неколку совети како да не дозволите проблеми во бракот.

1.  Не одете на спиење лути еден на друг. Ова може да донесе катастрофални последици. Не ги слушајте советите на т.н. експерти кои велат дека проблемот треба да се остави да преспие, тоа едноставно не е точно.

2.  Не се задолжувајте уште на почетокот од бракот. Прекумерените долгови се една од главните причини за кавга. Не го правете тоа уште од почетокот на бракот.

3.  Немојте да претпоставувате што сака и што несака вашиот партнер. Претпоставката води кон невољи. Разговарајте и оставете да се изрази партнерот самиот за она што го сака.

4.  Избегнувајте стереотипи на почетокот на бракот. Немојте да ги делите работите на машки и женски. Разговорот и договарањето може многу повеќе да ви помогне.

5.  Не ги бројте победите и поразите. Во бракот нема победник и поразен. Не му ја препишувајте вината на партнерот ако нешто не е во ред. Не плашете се од дискусија, играјте фер игра.

6.  Немој да мислите дека бракот е прекрасен цело време. Како и животот, така и во бракот има и подеми и падови. Оние кои мислат дека бракот е розов, за кратко време ќе бидат разочарани. Во секој успешен брак партнерите знаат, или учат како да се справат со ситните секојдневни проблеми.

7.  Никогаш не го лажете партнерот и не ветувајте работи кои неможе да ги исполните. Многу бракови завршуваат заради ветено а не исполнето, затоа што на тој начин се нарушува довербата.

Напиши коментар