Во понеделник, особено во понеделник наутро сигурно ни треба барем малку инспирација, за да го започнеме денот позитивно. Па, девојки, овој пат ви нудиме неколку инспиративни цитати од жени за жени!
“Жената е како мала кесичка чај – никогаш не знаеш колку силно е тоа, пред да го ставиш во топла вода”. – Ненси Реган
“Не прави компромис со себе, затоа што ти си се што поседуваш” – Џенис Чоплин
“Побарај се себе надвор од рамките на семејството и на човекот со кого ги споделуваш деновите. Најди сопствено место во светот што те опкружува и разбери од што имаш потреба, за да си во хармонија сама со себе. Мислам дека ова е најважно – да најдеш смисла во тебе”. – Анџелина Џоли
